
Мотив
ФИСКАСТ е мрежа на граѓански организации, економски експерти и новинари која има за цел да придонесе за потранспарентни, отчетни, одржливи, ефективни и ефикасни политики за трошење на јавните средства. Оваа цел ќе биде остварена преку економски истражувања, застапување за јавни политики, како и подобрено учество на засегнатите страни во буџетирањето и мониторирање на трошењето на јавните средства.
Мисија и визија
Мисија: Да ја зголемеме јавната свест за трошењето на јавните пари.
Визија: Да го подобриме трошењето на јавните пари, преку економски истражувања, застапување базирано на докази и учество на засегнатите страни во процесот на буџетирање и мониторирање на трошењето на јавните пари.
Програмски области
Мрежата ФИСКАСТ делува во следните програмски области:
– Фискална транспарентност
– Фискална одржливост
– Ефикасност на трошењето на јавните средства
– Партиципативно буџетирање
– Јавен долг
Принципи и вредности на мрежата
Мрежата ФИСКАСТ се раководи според следните принципи и вредности:
– Почит: членовите на мрежата ги почитуваат улогите и перспективите на сите членови.
– Транспарентност: членовите на мрежата се јасни и отворени за целта и обемот на нивно вклучување во активностите на мрежата.
– Одговорност: членовите на мрежата активно одговараат на барањата од другите членови вклучени во мрежата.
– Квалитет: истражувањата на членовите на мрежата се со висок квалитет, без знаци на плагијаризам.
– Кредибилитет и позитивен јавен имиџ: сите членови на мрежата уживаат доверба во јавноста, медиумите и носителите на политики.
Цел
- Да се подобри капацитетот на граѓанското општество и медиумите да придонесат за економскиот дијалог во земјата, врз основа на докази, овозможувајќи повеќе партиципативно и транспарентно креирање на политиките, со силен фокус врз фискалните политики;
- Да се зголеми свеста на јавноста за процесот на трошењето на јавните пари.
Реализирани активности:
- Иницијален состанок за формирање на јадрото на FISCAST-NET (Скопје, 28 октомври 2015) – Галерија – Банер
- FISCAST-NET работилница 1: Идентификување политики за анализа (Крушево, 20 ноември 2015) – Галерија
- FISCAST-NET работилница 2: Алатки за кост-бенефит анализа (Крушево, 21-22 ноември 2015) – Галерија
- FISCAST-NET работилница 3: Кост-бенефит анализа за економски новинари (Скопје, 30 ноември 2015) – Галерија
- Повик за апликации за спроведување кост-бенефит анализа –Повик – Пријава – Избрани организации
- FISCAST-NET Мидтерм средба (Крушево, 22-24 Јануари 2016) – Галерии1 2 3
- Тркалезна маса: „Како се трошат народните пари: Поттикнување на вработувањето или социјална помош?“ – Покана и агенда – Галерија
- Тркалезна маса: „Како се трошат народните пари: Колку се инвестира во животната средина?” – Покана и агенда – Галерија
- Тркалезна маса: „Како се трошат народните пари: Образование, инфраструктура, СДИ” (22 Март 2016)– Покана и агенда – Галерија
- Економски форум: „Како се трошат народните пари? Креирање политики базирани на докази„ (29 Март 2016) – Галерија
- Тркалезна маса „Петки во дневник – Единици на ПИСА“ (07.09.2017) – Галерија
- Прес конференција: „Гарантиран минимален доход“ (09.11.2017) – Галерија
- ФИСКАСТ+: Работилница за стратегија за комуникација (16.11.2017) – Галерија
- Прес конференција- Државни пензии: Итни рефроми за спас на ПИОМ (09.02.2018) – Галерија
- Економски форум – Македонската економија помеѓу визија и дилема: Предизвици на економските политики (29.03.2018) – Галерија
- FISCAST – Мрежа: Годишна средба (04.05.2019) – Галерија
- FISCAST – Мрежа: Train the trainers (04.05.2019) – Галерија
- Информативни корнери “Мои пари, моја одговорност” (20.03.2019) – Галерија
- Јавно предавање во Куманово: “Јас и Буџетот на општината, направете вашиот глас да се слушне” (28.05.2019) – Галерија
- Јавно предавање во Крушево: “Јас и Буџетот на општината, направете вашиот глас да се слушне” (03.06.2019) – Галерија
- Јавно предавање во Неготино: “Јас и Буџетот на општината, направете вашиот глас да се слушне” (18.06.2019) – Галерија
- Ѓорче Петров – Town Hall Meeting (12.12.2019) – Галерија
- Волково – Town Hall Meeting (13.12.2019) – Галерија
- Кривогаштани – Town Hall Meeting (16.12.2019) – Галерија
- Крушево – Town Hall Meeting (27.11.2019) – Галерија
- Росоман – Town Hall Meeting (25.11.2019) – Галерија
- Кавадарци – Town Hall Meeting (20.11.2019) – Галерија
- Крива Паланка – Town Hall Meeting (18.11.2019) – Галерија
- Town Hall Meeting Прилеп и средби со месни заедници (18.12.2019) – Галерија
- Старо Нагоричане Town Hall meeting (25.12.2019) – Галерија
- Неформална средба со градоначалници (20.09.2019) – Галерија
- Регионален форум- Општините и граѓаните: Заедно до подобар буџет (29.10.2019) – Галерија
Активности:
Тркалезна маса „Парафискалните давачки – колкав товар претставуваат за бизнис секторот?„ (25.12.2019) – Галерија
Регионален форум за партиципативно буџетирање (31.07.2020) – Галерија
Тркалезна маса во Кавадарци „Општините и граѓаните: Заедно до подобар буџет„ (05.09.2020) – Галерија
Економски форум „Општините и граѓаните: Заедно до подобар буџет“ (10.09.2020) – Галерија
Обука за подигнување на финансиската транспарентност и парафискалните давачки на локално ниво (06.10.2021) – Галерија
Работилница за парафискални давачки со претатвници на Општини и јавни претпријатија (19.11.2021) – Галерија
Средба на Градоначалници на Општините (11.03.2022) – Галерија
Средба со локални работни групи за унапредување на транспарентноста и парафискалните давачки: Аеродром, Центар, Крива Паланка и Кратово (17.03.2022) – Галерија
Средба со локални работни групи за унапредување на транспарентноста и парафискалните давачки: Свети Николе, Штип, Гевгелија и Богданци (28.03.2022) – Галерија
Работилница за оптимизација на парафискални давачки и воспоставување дијалог за креирање политики на локалнни ниво (26.05.2022) – Галерија
Работилница за оптимизација на парафискални давачки и воспоставување дијалог за креирање политики на локалнни ниво (13.06.2022) – Галерија
Панел дебата „Градење дијалог на повеќе засегнати страни за поголена финансиска транспарентност на единиците на локална самоуправа“ (12.09.2022) – Галерија
Панел дебата „Транспарентноста и рационализацијата на парафискалните давачки ја поддржуваат конкурентноста на локалната деловна активност“ (16.09.2022) – Галерија
Настан за вмрежување на работните групи за поголема финансиска транспарентност на Општините, со фокус на парафискалните давачки (14.10.2022) – Галерија
Економски форум: Парафискални давачки – Мало делче од сложувалката на конкурентноста (01.06.2023) – Галерија