
Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО)
Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) е граѓанска организација со седиште во Скопје, активна во областите на граѓанско образование, демократско управување, меѓуетничка интеграција во образованието и реформа на јавната администрација. МЦГО дизајнира и спроведува програми кои го зајакнуваат капацитетот на граѓаните, граѓанските организации и јавните институции да учествуваат во демократски процеси, да го следат управувањето и да се вклучат во дијалог за политики базиран на докази. Организацијата има богато искуство во фасилитација на дијалог, градење капацитети и застапување за политики, со силна мрежа на граѓански партнери и институционални контакти низ целата земја. МЦГО придонесува кон ФИСКАСТ мрежата и иницијативата КОМПАС+ со експертиза во граѓанска партиципација, мониторинг на реформата на јавната администрација и фасилитација на граѓански дијалог.
Контакт лице: Ана Мицковска Ралева
Веб страна: www.mcgo.org.mk
Е-пошта: info@mcgo.org.mk

Младински образовен форум (МОФ)
Младински образовен форум (МОФ) е младинска организација основана во 1999 година, активна на национално ниво во повеќе од 20 градови во Македонија. МОФ е младинска заедница која овозможува образование за дебата, правна писменост, лични и професионални вештини; креира истражувања и политики; обезбедува медиумски простор и информираност; поддржува активизам, самоорганизирање и учество, како и општествен развој на младите. Организацијата достигнува повеќе од 2.000 активни млади членови годишно преку своите младински клубови и го оперира Радио МОФ — независен онлајн медиум со над 11 милиони кумулативни посети. МОФ има посебна програма за истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики и долгогодишно искуство во застапување за права на млади. МОФ придонесува кон ФИСКАСТ мрежата и иницијативата КОМПАС+ со експертиза во младински outreach, мрежи на млади организации и застапување за права на млади и партиципација во управување.
Контакт лице: Ристо Савевски, Претседател
Веб страна: www.mof.mk
Е-пошта: info@mof.org.mk

Македонско лекарско друштво (МЛД)
Македонското лекарско друштво (МЛД) е професионална организација на докторите по медицина на Република Северна Македонија, формирано на 12 август 1945 година и денес едно од најстарите и најреномираните професионални здруженија во земјата. МЛД е главниот двигател на континуираната медицинска едукација (КМЕ) и континуираниот професионален развој (КПР) на докторите по медицина и сродните професии, и е иницијатор и основач на Лекарската комора на Македонија. Мисијата на МЛД е континуирано подобрување на квалитетот на здравствената заштита на населението преку унапредување и развој на македонската медицина и сродните науки, воспоставување на добра лекарска практика и високи етички стандарди, со заштита на интересите и правата на своите членови. МЛД редовно соработува со Министерството за здравство, Светската здравствена организација и меѓународни медицински тела. МЛД придонесува кон ФИСКАСТ мрежата и иницијативата КОМПАС+ со аналитичка здравствена експертиза, професионален авторитет и воспоставени институционални релации релевантни за мониторинг на пристапот до здравствена заштита и нејзиниот квалитет во контекст на фундаменталните права под Поглавје 23 од EU acquis.
Контакт лице: Кирил Солески
Веб страна: www.mld.mk

Здружение за економско-политички истражувања и анализи КВАНТУМ ПРИМА Кавадарци
Профил на организацијата: КВАНТУМ ПРИМА е здружение на граѓани формирано на 20.05.2014 во Кавадарци. Нашата првична цел и идеја е да го промовираме научно-истражувачкиот пристап во истражувањето на општествените феномени и процеси, и да влијаеме кон обликување и креирање на јавните политики во земјата. Затоа фокусот на нашата работа е ставен врз испитувањето на јавното мислење, како и користењето на нови модели, софтвери и технологии. Нашата примарна мисија е, преку промоција на научно-истражувачкиот пристап да ги поттикнеме младинскиот активизам и вклученост на младите во општествените текови, како и содзавање свесни, одговорни и креативни млади луѓе кои ќе ги знаат своите права, но и своите одговорности кон општеството;
Веб страна: www.kvantum.org
E-mail: gelevski.blagoj@gmail.com
Контакт лице: Благој Ѓелевски

Здружение Институт за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ
Профил на организацијата: ИСИЕ е граѓанска организација на млади истражувачи, посветени на вредностите на слободата, демократијата и пазарната економија, формирана со мисија за истражување и нудење на решенија за стратешките проблеми во Република Македонија и регионот, особено во областа на образованието и науката, како и едукација на населението за овие проблеми и за можностите за нивно решавање.ИСИЕ се залага за промоција на европските вредности и најдобрите практики во образованието и науката во општеството, унапредување на образовниот процес, слушање и почитување на гласот на учениците, студентите и научниците, како и подобрување на нивната положба во општеството.Нашата мисија ја остваруваме преку истражување на клучните предизвици во општеството, понуда на конкретни решенија за подобрување на образованието и науката во земјата и регионот, континуирано образование и обука на младите, како и активно лобирање за унапредување на овие сегменти во општеството. Нашата визија е да бидеме една од водечките истражувачки организации во Македонија која нуди издржани анализи и совети за клучните предизвици и влијае на јавните политики во земјата и регионот, особено во областа на науката и образованието во функција на создавање на општество базирано на знаење. Знаењето доаѓа преку акција!
Веб страна: www.isie.org.mk
E-mail: isie@mail.org
Контакт лице: Мишо Докмановиќ

ЗИП Институт
Профил на организацијата: Основан е во 2011 година, ЗИП Институтот е независна, непартиска, јавна организација насочена кон производство и дисеминација на високо-квалитетни, објективни и сеопфатни идеи и анализи од централно значење за демократизација и интеграција на Македонија во ЕУ. ЗИП Институтот дава глас на процесот на демократизација во земјата и во регионот на Југоисточна Европа како целина, и ја посочува неговата важност во справувањето со најчестите прашања со кои се соочува нашето општество со теренски активности, вклучувајќки особено активности за обука и развој на заедницата. Главниот фокус на ЗИП Институт лежи во поврзување на истражување и анализа на прашања од локално значење со теренски активности: неговата активност е комбинација на обезбедување на докази врз основа на истражување на политики со транс-формативна теренска акција. ЗИП се специјализира во две клучни области на интервенција: воведување на нови начини на неформално образование пред сѐ меѓу младите; и јавната администрација и истражување на локална самоуправа.
Веб страна: www.zipinstitute.mk
E-mail: info@zipinstitute.mk
Контакт лице: Агим Селами

Регионален центар за одржлив развој – Кратово
Профил на организацијата: Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ (РЦОР) е непрофитна организација со седиште во Кратово. Во своето делување освен Кратово ги опфаќа општините: Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане и Пробиштип, во матичниот регион, и општините Куманово, Кочани и Делчево, во поширокиот регион на делување. Мисија: Мобилизација и одржливо искористување на сите расположиви ресурси во локалните заедници, за поголем придонес кон социо-економски развој и интеграција на регионот, пред се во сопствени рамки, а со тоа и полесна и побрза интеграција на Македонија во рамки на евро-атлантските асоцијации. Визија: Развиен, стабилен и независен цивилен и економски сектор, кој во соработка со јавните институции и бизнис секторот, непречено ќе делува кон подобрување на условите за живот во локалната заедница, подобрување на социо-економската состојба, намалување на процентот на невработени, подобрување на популационата политика и создавање на услови за сеопшт локален развој. Активности: Ефективен и стабилен развој на регионот, во кој дејствуваат ефикасни институции и транспарентна власт, а локалните заедници преку одржливо искористување на соспствените ресурси да креираат можност за развој во духот на хармонија, меѓусебен соживот, толеранција и разбирање; Привлекување на странски капитал и инвестиции, подобрување на социо-економската состојба на населението, намалување на процентот на невработеност и креирање на професионална, ефикасна и транспарентна власт и локални институции; Создавање на локални заедници во кои на секого ќе му се пружи можност за изразување на сопствената креативност и потенцијал, заедници кои ќе претставуваат привлечно место за живеење, работење и инвестирање, се целосна искористеност на потенцијалите, ставени во функција на социо-економски раст и развој; Преку различни коалиции и видови на активности со други организации, се стремиме кон давање на поддршка и придонес кон сите прогресивни и демократски методи на дејствување во различни сфери на општественото живеење. Во исто време ја развиваме соработката помеѓу граѓаните и власта, ја продлабочуваме воспоставената соработка меѓу заинтересираните страни во ефективни партнерства и создаваме услови за целосна граѓанска партиципативност во креирањето локални политики.
Веб страна: www.regionalencentar.org.mk
E-mail: regionalencentar@gmail.com
Контакт лице: Јасмина Давитковска

Фондација за развој на локалната заедница – Штип
Профил на организацијата: Фондацијата за развој на локалната заедница- Штип е формирана во декември 2006 година како правен наследник на Центарот за поддршка на НВО – Штип. Мисија: Ефективно учество на граѓаните во креирање јавни политики и нивна доследна имплементација.Визија: ФРЛЗ е водечка организација, тимски ориентирана со зајакнати човечки капацитети, финансиски стабилна, национално препознатлива и етаблирана како значаен партнер на меѓународни проекти. Стратешки цели: Засилена демократизација на Република Македонија и развој и консолидација на граѓанското општество; Зајакнато учество на младите луѓе во општеството; Подобрен локален економски развој; Подобрување на локалните политики и засилување на децентрализацијата, преку активно учество на граѓаните.
Веб страна: www.frlz.org.mk
E-mail: info@frlz.org.mk
Контакт лице: Невенка Лонгурова Гирова

Граѓански центар за одржлив развој ЕГРИ – Крива Паланка
Профил на организаијата: ЕГРИ е формиран во 2000 година од страна на петнаесетина млади ентузијасти, со цел подобрување на квалитетот на живеење на локалната заедница. Визија: Крива Паланка, пристојно место за живеење, со квалитетен и високо организиран живот на локалната заедница во европски интегрирана Македонија. Мисија: Имплементација на мерки и активности за подобар и поквалитетен живот на локалната заедниа и Европеизација на регионот и државата. Цели и задачи на Здружението: Поддршка, иницирање и имплементација на активности и проекти од сферата на економскиот развој, со цел подобрување на условите за живеење на локалната заедница; Иницирање, поддршка и имплементација на проекти поврзани со регионалната, прекуграничната и транснационалната соработка, со цел поддршка на државата во процесот на евро-интеграции; Поттикнување на претприемачки дух на заедницата; Унапредување на цивилниот сектор преку едукација на човекови вредности, со цел подобрување на условите за живеење на локалната заедница; Заштита на човековата средина, подобрување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија преку спорведување на активности и проекти од овие области; Активно вклучување на младите во процесот на демократизација на општеството и залагање за унапредување на нивните права; Иницирање, поддршка и имплементација на проекти од областа на спортот, културата и образованието.
Веб страна: www.egri.mk
E-mail: contact@egri.mk
Контакт лице: Јорданчо Миневски

Импакт – Институт за истражување
Профил на организацијата: Импакт – Институт за истражување е здружение на граѓан(к)и основано во 2014 година во Скопје од страна на група истражувач(к)и. Импакт се фокусира на истражување, имплементација и промоција на проекти за унапредување на демократското управување, намалување на нееднаквоста во општеството и подобрување на истражувачките капацитети во областа на општествените науки. Импакт своите програмски цели и задачи ги остварува самостојно или во соработка со истражувач(к)и, активист(к)и и други здруженија, институции и поединци. Притоа, основни принципи во работата на организацијата се непристрасност, интегритет, рефлексивност, транспарентност, отчетност, инклузивност и солидарност во дејствувањето. Наша целна група се граѓан(к)ите, без разлика на нивната припадност и определeност, други граѓански организации, медиуми и институции на локално, регионално и национално ниво.