За проектот

logo fiscast

Мотив

FISCAST е кратенка за “FISCal Accountability, Sustainability and Transparency”, додека логото претставува една куќа што симболизира домаќинско ракување со јавните пари, а трите столбчиња кои растат, симболизираат (потреба од) зголемување на отчетноста, одржливоста и транспарентноста на фискалната политика во Македонија.

Цел

  1. Да се подобри капацитетот на граѓанското општество и медиумите да придонесат за економскиот дијалог во земјата, врз основа на докази, овозможувајќи повеќе партиципативно и транспарентно креирање на политиките, со силен фокус врз фискалните политики;
  2. Да се зголеми свеста на јавноста за процесот на трошењето на јавните пари.

Реализирани активности:

  • Иницијален состанок за формирање на јадрото на FISCAST-NET (Скопје, 28 октомври 2015) – Галерија – Банер
  • FISCAST-NET работилница 1: Идентификување политики за анализа (Крушево, 20 ноември 2015) – Галерија
  • FISCAST-NET работилница 2: Алатки за кост-бенефит анализа (Крушево, 21-22 ноември 2015) – Галерија
  • FISCAST-NET работилница 3: Кост-бенефит анализа за економски новинари (Скопје, 30 ноември 2015) – Галерија
  • Повик за апликации за спроведување кост-бенефит анализа –Повик – Пријава – Избрани организации
  • FISCAST-NET Мидтерм средба (Крушево, 22-24 Јануари 2016) – Галерии1 2 3
  • Тркалезна маса: „Како се трошат народните пари: Поттикнување на вработувањето или социјална помош?“ – Покана и агендаГалерија
  • Тркалезна маса: „Како се трошат народните пари: Колку се инвестира во животната средина?” – Покана и агенда – Галерија
  • Тркалезна маса: „Како се трошат народните пари: Образование, инфраструктура, СДИ”  (22 Март 2016)– Покана и агенда – Галерија
  • Економски форум: „Како се трошат народните пари? Креирање политики базирани на докази„ (29 Март 2016) – Галерија