За Finance Think

logo-mali margini

Finance Think е Институт за економски истражувања и политики.

Наша Визија

Да поттикнеме економско размислување за подобра благосостојба утре.

Нашата Мисија

Да ја намалиме сиромаштијата, да ги зајакнеме макро-финансиските политики и да ја унапредиме финансиската стабилност преку економски истражувања, советување и препораки за економските политики и поттикнување критичка дебата за економските процеси.

Програмски области

  • Развојна економија: сиромаштија, социјална, доходна, родова, возрасна и етничка нееднаквост, невработеност, пристап до образование и здравствени услуги, регулаторно окружување, структурни реформи, и друго;
  • Макро-финансии: економски раст, инвестиции, монетарна, фискална, надворешно-трговска и девизна политика и друго;
  • Финансиски систем: развиеност на банкарскиот, осигурителниот, пензискиот и другите финансиски под-системи, оценка на ризиците и отпорноста на шокови на финансискиот систем, регионална и глобална финансиска интеграција и друго;

Следете не: facebook-flat-vector-logo-400x400